Кошаркарите на Бостон Селтикс се првите финалисти во источната конференција. Тие во петтиот натпревар од полуфиналето го совладаа ослабениот Кливленд Кавалирс со 113:98 и победија во полуфиналето на Истокот со вкупен резултат 4:1. Далас Маверикс се на пат кон полуфиналето на Западот, а по синоќешната победа против Оклахома од 104:92 води со 3:2.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џејсон Тејтум постигна 25 поени, имаше 10 скока и девет асистенции, а Ал Хорфорд додаде 22 поени, заедно со 15 скока, пет асистенции и три блокади за Селтикси, на кои работата им беше олеснета со неиграњето на Донован Мичел, најголемата ѕвезда на Кливлент.
Предводени од Лука Дончиќ, Далас Маверикс се на чекор до финалето на конференцијата. Тие во серија од четири победи по синоќешниот резултат 104:92 имаат 3-2 против Оклахома, најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната.
Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл од 31 кош, 10 скока и 11 асистенции, а Дерик Џонс Џуниор постигна 19. Кај Тандер само еден играч постигна повеќе од 13 поени. Шеј Гилџус – Александер мечот го заврши со 30 поени, шест скока и осум асистенции.