Дома Фудбал Англија Невил: Разочаран сум од Роналдо, дозволи да се направи хаос

Невил: Разочаран сум од Роналдо, дозволи да се направи хаос

Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, Гери Невил го критикуваше Португалецот за односот кон клубот на стартот од сезоната.

Роналдо се обидуваше да си замине од Манчестер Јунајтед, но на крајот не успеа да пронајде клуб и остана на „Олд Трафорд“. Навивачите ги налути и со заминувањето порано од пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано кој беше последна припрема пред почетокот на сезоната.

Невил вчера беше на „Селхуст Парк“ во улога на стручен коментатор на натпреварот помеѓу Кристал Палас и Арсенал. Од оваа улога тој испрати критики за Роналдо.

„Разочаран сум од него затоа што направи хаос во соблекувалната и дозволи на менаџерот да му се поставуваат незгодни прашања. Секако дека сам можеше да излезе во интервју и да стави крај на сите шпекулации. Во недела ќе го прашаме после натпреварот дали може тој да зборува со нас, а не да пушта други луѓе на негово место“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да …