Фудбалерите на Црвена звезда од 18 часот и 45 минути во Белград пред своите навивачи ќе го одиграат натпреварот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Црвено-белите ќе се обидат почесно да се збогуваат со елитата. Ова е последен натпревар за Звезда во Европа оваа сезона, бидејќи по поразот од Јанг Бојс веќе нема никакви шанси да избори пласман во плеј-офот од Лигата на Европа, ниту пак во продолжението од елитното натпреварување.
Што се однесува до Сити, тие одамна го обезбедија првото место во групата и следната фаза од натпреварувањето, а во Белград ќе играат без Ерлинг Холанд, Кевин де Брујн и Џереми Доку.
Ќе бидат делумно ослабени, па Звезда би можела да направи изненадување. За ова се свесни и кладилниците, па коефициентите „паѓаат“ за шампионот на Србија. Ако ги прашате обложувалниците, шансите на Звезда драстично се зголемуваат.
Моменталниот коефициент за победа на Звезда е седум, што е пад од почетните 10, коефициентот за реми е 5,75, а за Сити 1,45, додека претходно беше 1,22.