Португалскиот стратег, Андре Виљаш-Боаш моментално работи во Кина како тренер на тамошниот прволигаш Шангај СИПГ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговиот тим моментално се наоѓа на втората позиција на табелата со четири бода помалку во однос на лидерот.
Виљаш-Боаш крајот на последниот меч не го дочека на тренерската клупа, туку на трибините, а причината е неговата гестикулацијата кон судијата. Имено, Виљаш-Боаш со гестикулација сакаше да каже дека судијата е поткупен, а потоа Кинескиот сојуз жестоко го казни.
Португалецот е суспендиран на дури осум натпревари, а ќе мора да плати казна во износ од 5000 евра. Тоа значи дека Виљаш-Боаш оваа сезона веќе нема да ја предводи екипата бидејќи до крајот на шампионатот останаа уште само четири кола.
За потсетување, ова не е првпат Виљаш-Боаш да добие санкција поради слични работи, бидејќи пред неколку месеци исто така е казнет поради одбрана на својот фудбалер Оскар при дуел во кој тој неспортски реагираше.