Дома Фудбал Останато Неверојатно: Голман одбрани 3 пенали за две минути?

Неверојатно: Голман одбрани 3 пенали за две минути?

Голманот на Салцбург, Даниел Антош постави своевиден рекорд, така што одбрани 3 пенали за две минути против Лион, во натпревар од младинската Лига на шампиони.

Оваа недела се играа ¼-финалињата во младинската ЛШ, а Салцбург го победи Лион со 4:3.

Херој беше голманот Антош, кој најпрво во 10-та минута одбрани пенал, кој повторно беше изведен поради нерегуланро влегување на фудбалери во казнетиот простор.

Голманот повторно одбрани, но пеналот требаше да биде изведен и по трет пат, меѓутоа играчот на Лион и од третиот обид не успеа да го совлада Антош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатен потег на Клоп, објави два состави на Германија

Јирген Клоп направи невообичаен потег уште на неговиот прв собир откако стана селектор на …