Дома Фудбал Останато Неверојатно: Во Камерун суспендирани 62 фудбалери!

Неверојатно: Во Камерун суспендирани 62 фудбалери!

Неверојатна одлука денеска донесе фудбалскиот сојуз на Камерун кој суспендираше 62 фудбалери поради лажирање на нивната возраст. Информацијата е потврдена на официјалниот сајт на веб страницата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Помеѓу суспендираните е и фудбалерот, Вилфрид Натан Дуала кој настапи за Камерун на Африканскиот куп на Нации кој беше завршен минатиот месец. Според документите тој има 17 години, меѓутоа постојат сериозни сомнежи дека си ги „намалил“ годините како и останатите суспендирани.

Засега стои дека тие нема да можат да играат во плеј-офот од домашниот шампионат, не е јасно дали подоцна ќе се вратат на терените.

Најмногу суспендирани играчи има академијата Јонг, дури 13, по седум имаат Викторија Јунајтед и Ас Фортуна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто Челси трета година по ред нема спонзор на дресот?

Поранешниот шеф за глобален маркетинг во Челси, Кристијан Перслоу, сподели впечаток за нео…