Дома Фудбал Неверојатна сцена во Германија: Свирна крај, па дополнително досуди пенал

Неверојатна сцена во Германија: Свирна крај, па дополнително досуди пенал

Последниот судиски свиреж на натпреварите обично значи и крај на натпреварот, меѓутоа случувањата на натпреварот Ајнтрахт Франкфурт – Шалке го покажа спротивното.

Судијата Штегеман свирна крај при резултат 1:1, но од ВАР собата стигна дојава за можен пенал за Ајнтрахт после играњето со рака на Калигиури.

Судијата погледна на мониторот и неколку минути подоцна досуди пенал за гостите, а Даниел Калигиури доби жолт картон.

Следеше протест од домашните играчи, но главниот судија не ја промени својата одлука и Лука Јовиќ погоди од пенал и му донесе победа на својот тим.

Инаку, пеналот беше досуден во 99. минута, што е најкасно досуден пенал во историјата на Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома одбиена со 25 милиони евра, Евертон го следи Лино

Евертон се вклучува меѓу заинтересираните за Самуел Лино, но Фламенго веќе одбил понуда од…