Дома Фудбал Италија Неверојатна ситуација во Серија А: Пред два дена го отпуштија, сега сакаат да го вратат!

Неверојатна ситуација во Серија А: Пред два дена го отпуштија, сега сакаат да го вратат!

Пред два дена Салернитана официјално соопшти дека Давиде Никола повеќе не е тренер на овој клуб затоа што доби отказ по серијата лоши резултати. Меѓутоа медиумите во Италија утрово пренесуваат дека би можеле да видиме неочекуван пресврт.

„Газета дело Спорт“ објави дека во клубот жалат што го отпуштиле Никола затоа што не очекувале дека тешко ќе оди пронаоѓањето на негова замена. Сега наводно во клубот се спремни да разговараат со него и тој повторно да ја води екипата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Раководството на Салернитана сака Никола да се врати и да ја води екипата до крајот на сезоната што е навистина чудно затоа што пред два дена го отпуштија.

Салернитана сакала нов тренер да биде Рафа Бенитез, а се поврзуваа и со Леонардо Семплицичи и Роберто Д’Aвес.

Меѓутоа тие ја одбија понудата од Салернитана затоа што клубот нуди договор на само шест месеци, односно до крајот на сезоната, па потоа да се види дали ќе биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жоао Педро дојде од плажата, постигна два спектакуларни гола, па се извинуваше (Видео)

Фудбалерите на Челси се првите финалисти на Светското првенство за клубови откако синоќа в…