Дома Видео НБА се врати со стил – драма во дербито на Лос Анџелес

НБА се врати со стил – драма во дербито на Лос Анџелес

Лос Анџелес Лејкерс славеше против градскиот ривал Клиперс со 103:101 на враќањето во НБА лигата.

Со натпреварите во Орландо синоќа се врати најсилната кошаркарска лига на светот после неколку месечната пауза поради коронавирусот. Самиот почеток најави возбудлива завршница на Флорида.

Одличен натпревар одиграа Лејкерси и Клиперси, а на крајот во драматична завршница тимот на Лејкерс стигна до победата.

Пол Џорџ погоди тројка за 101:101, потоа Леброн погоди за 103:101, a во наредниот напад Џорџ промашува тројка и Лејкерси стигнува до победата.

До истата ги предводеше Ентони Дејвис со 34 поени и осум скокови, додека Леброн Џејмс оствари дабл-дабл со 16 поени и 11 скокови, а имаше и седум асистенции. Во противничката екипа Пол Џорџ постигна 30 поени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дејвис доминираше, Лејкерси го обезбедија првото место на Западот 🎥

Кошаркарите на Лејкерси во одличен натпревар изминатата вечер ја победија Јута со 116:108 …