Дома Останати Кошарка НБА потврди: Ова се казните за ѕвездите на Лејкерси и Хјустон кои учествуваа во тепачката

НБА потврди: Ова се казните за ѕвездите на Лејкерси и Хјустон кои учествуваа во тепачката

0
lakersi huston

Дебито на Леброн во дресот на Лос Анџелес Лејкерс пред домашната публика остана во сенка на инцидентот кој се случи во финишот од натпреварот.

Во судир во натпреварот против Хјустон влегоа Рајон Рондо, Брендон Инграм и Крис Пол. Трите НБА ѕвезди разменија по неколку удари и беше сосема јасно дека ќе заработат казни, се чекаше само какви.

Сега НБА лигата ги соопшти казните.

Најголема казна доби Брендон Инграм кој ќе мора да ги пропушти следните четири натпревари, Рондо кој го плукна Пол е суспендиран на три натпревари, додека ѕвездата на Хјустон нема да биде во комбинација за следните два натпревари.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВИДЕО: Монструозната „банана“ на Дончиќ против човекот за кој Атланта го замени!

Лука Дончиќ со новиот одличен натпревар потврди дека е најдобриот новајлија во најсилната …