Дома Кошарка НБА лигата објави три кандидати за МВП насловот

НБА лигата објави три кандидати за МВП насловот

Раководството на НБА лигата го скрати списокот на само три имиња за насловот најкорисен играч во регуларната сезона.

За насловот најдобар играч во сезоната конкурираат центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид и плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари.

Според многумина, српскиот центар е фаворит број еден за освојување на оваа награда, бидејќи за него до сега гласаа најголем број новинари.

Јокиќ имаше една од најдобрите напаѓачки сезони во историјата на НБА лигата со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции по натпревар со вкупен процент на удари од 56,6 проценти, или 38,8 проценти за три поени и 86,8 проценти надвор од линија за слободни фрлања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мициќ со 31 поен го урна Макаби: Петти пораз по ред пред Партизан!

Хапоел го доби дербито во Тел Авив со 105:87, а Макаби со серија од пет порази го чека гос…