Дома Останати Кошарка НБА НБА класикот за Лејкерси, Торонто ја понижи Индијана, Јокиќ одличен (ВИДЕО)

НБА класикот за Лејкерси, Торонто ја понижи Индијана, Јокиќ одличен (ВИДЕО)

Класикот во НБА лигата помеѓу ЛА Лејкерси и Бостон Селтикси им припадна на домаќините кои славеа со резултат 114:112.

Натпреварот во „Стејплс Центарот“ беше прилично неизвесен. Лејкерси неколку пати имаа двоцифрена предност, но Селетикси се враќаа. Победникот беше одлучен во финишот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гостите преку Татум имаа шут за победа кој имаше 41 поен, но го промаши клучниот шут. Домаќините до победата ги предводеа Дејвис со 32 поени и Џејмс со 29 поени.

Важна победа во борба за плеј-офот оствари Портланд кој предводен од Мекколум и Ентони го победи Детроит со 107:104. Во неизвесна завршница прашањето на победникот го реши Ентони кој на 20 секунди пред крајот погоди за 105:101. Искусниот кошаркар натпреварот го заврши со 32 поени. Мекколум додаде 41.

Најубедливата победа во вечерта ја оствари Торонто. Актуелниот шампион ја понижи Индијана со 127:81. Домаќините рамномерно ги поделија поени, а најефикасен беше Сиакам со 21 поен.

Денвер славеше кај Минесота со 128:116. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар со учинок од 24 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Милисап со поен повеќе.

НБА резултати:

Портланд – Детроит 107:104

Денвер – Минесота 128:116

Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115

Оклахома – Сан Антонио 131:103

Чикаго – Вашингтон 126:117

Торонто – Индијана 127:81

Лејкерси – Бостон 114:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…