Дома Фудбал На фудбалер од Премиер лигата му е дијагностициран рак

На фудбалер од Премиер лигата му е дијагностициран рак

Фудбалерот на Бормут и велшката репрезентација Дејвид Брукс денеска потврди дека е болен од рак.

Тој откри дека му бил дијагностициран рак на лимфните жлезди, и дека ќе започне со лекување следната недела.

Брукс досега одигра 21 натпревар за репрезентацијата на Велс, а оваа сезона одигра 9 натпревари за Борнмаут.

„Иако оваа информација дојде како шок за мене и моето семејство, прогнозата е позитивна и сум уверен дека целосно ќе закрепнам и ќе се вратам на теренот што е можно побрзо“, истакна Брукс.

Брукс има 24 години и тој е поранешен младински играч на Манчестер Сити, а од таму премина во Шефилд Јунајтед. Во Борнмут премина во 2018 година каде ја доживеа фудбалската афирмација

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут не знае за доста: Шест победи по ред, ниту еден примен гол!

Борнмут го совлада Лидс со 2-0 и ја продолжи извонредната серија. Трафорд му подари гол на…