Сезоната во Ла Лига започнува овој викенд, а Барселона првиот натпревар го игра во недела на гости против Гетафе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така на три дена пред првиот официјален натпревар, Барселона има 13 регистрирани играчи кои всушност се 11 затоа што клубот ќе го напуштат Дембеле и Кеси.
Токму нивните заминјувања на Барселона и овозможува да го заврши процесот на регистрација на играчите бидејќи така се ослободува буџетот за плати.
Да бидат регистрирани чекаат: Иниго Мартинез. Илкај Гундоган, Ориол Ромеу, Роналд Араухо, Алехандро Валде, Маркос Алонсо, Серхи Роберто, Ињаки Краг и Ез Абде. Во случај регистрацијата да не биде завршена на време како слободни играчи со своите клазули можат да заминат Мартинез и Гундоган.
Според информациите на шпанските медиуми утре е последниот ден во кој Барселона може да регистрира фудбалери.