Дома Фудбал Англија Сити ќе не може да купува во следните два трансфер периоди?

Сити ќе не може да купува во следните два трансфер периоди?

0
guardiola

ФИФА ќе го казни англискиот првак Манчестер Сити поради нелегално донесување млади фудбалери во тимот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, на Сити ќе му биде забранет трансфер во наредните два преодни рокови, откако беа откриени малверзации при донесување на млади фудбалери во клубот.

Истрагата против Сити е одамна отворена, како од ФИФА, така и од Фудбалската асоцијација на Англија. Покрај нелегалните трансфери, англискиот првак го кршел и финансискиот фер плеј, а тоа може да им донесе дури и исфрлање од европските натпреварувања.

ФИФА ги истражува трансферите на Сити веќе неколку години. Откриени се многубројни скршени правила, а Граѓаните на сумлив начин потпишувале млади фудбалери од сите делови на светот и очигледно ја преминале линијата.


Следете го Sportski.mk и на


Официјалната казна за Сити би требало да биде соопштена во следните денови. Така Граѓаните ќе останат без можност за купување нови играчи во следните два преодни рокови, , што секако ќе се одрази на овој тим, кој веќе спремаше одредени промени во составот.

Пред помалку од месец дена истата казна ја доби и лондонски Челси. Тие исто така го прекршиле правилото за донесување млади играчи и ако жалбата не им биде прифатена, нема да можат да донесуваат нови фудбалери до јуни наредната година.

Да потсетиме, претходните години неколку големи европски тимови имаа идентични казни. Шпанското трио Атлетико, Барселона и Реал беа казнети со забрана на трансфери и тешко дека Сити ќе успее да ја избегне.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…