Дома Фудбал Англија На прагот уште една размена по моделот на Арсенал и Јунајтед: Овојпат кај Интер и Евертон?!

На прагот уште една размена по моделот на Арсенал и Јунајтед: Овојпат кај Интер и Евертон?!

Според пишувањата на „Коријер дело Спорт“, Интер и Евертон би можеле да разменат играчи до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во прашање е размена на играчи за врска, по моделот кој неодамна го спроведоа Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Имено, Евертон е заинтересиран за играчот за врска на Интер, Марсел Брозовиќ.

Хрватскиот интернационалец би можел да ги напушти редовите на „Нероаѕурите“, управата на клубот од „Меаца“ го донесе Рафиња од Барселона, а планираат да се засилат и со ангажман на Хавиер Пасторе од ПСЖ, што би значело дека за Брозовиќ нема да има многу место во четата на Лучано Спалети.

Евертон би можел тоа да го искористи, но наместо пари, кон Италија подготвени се да го испратат некогашниот капитен на Ајакс, Дејвиј Класен.

Куман го ангажираше Класен изминатото лето како големо засилување, но пристигнувањето на Сигурдсон услови Холанѓанецот да биде во втор план на „Гудисон“.

Ситуацијата не се промени ниту со новиот тренер, ниту Сем Алардајс не смета на неговите услуги, па ова е единствен начин двете екипи да искористат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Би-Би-Си“ објави видео со модерна технологија за да докаже дека ФИФА лаже (Видео)

Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Англија и Норвешка беше обележан о…