Дома Фудбал Англија На потрошени 300 милиони евра Челзи доведе засилување и од рагби репрезентацијата на Нов Зеланд

На потрошени 300 милиони евра Челзи доведе засилување и од рагби репрезентацијата на Нов Зеланд

Преодниот рок заврши, но Челзи не престанува со доведувањето на засилувања, па така сега во тимот доведе психолог.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Психологот Жилберт Енока цели 20 години работел во националниот рагби тим на Нов Зеланд, а сега доби прилика да биде дел од клуб како Челзи и не сакал да пропушти. Оваа информација ја потврди рагби репрезентацијата на Нов Зеланд каде што истакнаа дека заминувањето на Енока во Лондон е со краткорочен договор.

Информациите од Островот се дека Енока е ангажиран да помогне во кревањето на тимскиот дух на „сините“, но и за дополнителна мотивација на новите засилувања кои пристигнаа.

Челзи потроши над 300 милиони евра во јануарскиот преоден рок и целта е значително да се подобри пласманот во Премиер лигата каде што во овој момент се наоѓаат на деветтата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куман го објави списокот за Мундијалот, Холандија сака да оди далеку!

Тренерот на холандската репрезентација, Роналд Куман, го објави финалниот список од 26 игр…