Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Жозе Мурињо сака во своите редови да донесе фудбалер на Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Алекс Окслејд Чемберлејн за кого Мурињо има високо мислење и смета дека ќе биде одлично засилување за неговиот тим.
Овој 23-годишен фудбалер нема стандардно место во Арсенал и Венгер често го ротира, а „Специјалниот“ има недостик на фудбалери на крилните позиции после заминувањето на Депај.
„Мирор“ денес ја пласираше оваа информација и тврди дека трансферот би можел да се реализира следното лето, што навистина би било сензација.