Дома Фудбал На Островот убедени: Мурињо со последната изјава – го отпиша напаѓачот!

На Островот убедени: Мурињо со последната изјава – го отпиша напаѓачот!

Португалецот отворено во свој стил ги посочи вивновниците.

Жозе Мурињо беше бесен после поразот од Брајтон, посебно ги критикуваше напаѓачите кои не успеаа да го надополнат отсуството на Ромелу Лукаку.

„Играчите кои го заменија не одиграа на потребното ниво и не ги исполнија задачата. Кога индивидуалците играат така, тешко дека екипата може да игра добро. Можеби после овој пораз нема да ме прашувате зошто некои играчи не играат“.

„Зошто секогаш игра Лукаку? Сега го имате одговорот на прашањето зошто Лукаку секогаш е на теренот“, истакна Мурињо.

Овие негови зброови англиските медиуми ги протолкуваа и како сигурно заминување на Марсијал, додека Рашфорд се очекува да добие шанса и наредната сезона бидејќи во клубот сите веруваат дека пред него е светла иднина.

Од друга страна Французинот веќе втора сезона игра слабо и малку, а за него се заинтересирани неколку клубови, пред се тука е Јувентус кој наводно е спремен да плати 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…