Дома Фудбал Англија На Островот се најавува: Катарци го купуваат Јунајтед, Тен Хаг добива огромен буџет!

На Островот се најавува: Катарци го купуваат Јунајтед, Тен Хаг добива огромен буџет!

Манчестер Јунајтед е ставен на продажба и семејството Глејзер објави рок за доставување на понуда.

Засега најмногу се споменуваше Џим Ратклиф, најбогатиот човек во Британија кој јавно зборуваше дека е заинтересиран да го купи англискиот гигант. Сепак, „Дејли Мејл“ денес пишува дека во следните денови во Манчестер Јунајтед ќе пристигне понуда од Катар на која конкурентите нема да можат да парираат.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Не се откриваат многу детали, само се наведува дека Катарците се спремни да му обезбедат голем буџет на Тен Хаг.

„Станува збор за сериозни луѓе кои ќе направат се за Манчестер Јунајтед да се врати онаму каде што заслужува. Ќе доведат з асилувања за составот да се врати на врвот, веруваат дека Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот и сакаат да го вратат клубот онаму каде што припаѓа“, изјавил извор близок на клубот за „Дејли Мејл“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…