Дома Фудбал Останато На најлајкуваната фотографија во историјата Меси е со – фалц пехар!

На најлајкуваната фотографија во историјата Меси е со – фалц пехар!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



На Светското првенство во Катар Аргентина по цели 36 години дојде до првата светска титула, трета вкупно во историјата.

Во големото славје на Аргентинците настана и најалајкуваната фотографија на Инстаграм.

Фотографијата на која Агуеро го држи Меси на раменици со трофејот собра над 72 милиони лајкови, меѓутоа како што стојат работите изгледа дека пехарот кој го држи Меси на таа фотографија не е вистинскиот.

Првиот кој го открил тоа е фоторепортерот Фернандо Де Ла Орден. Тој објави фотографија на која се гледа како Ди Марија се смее со Меси покажувајќи нешто на дното на пехарот. Објаснил и дека ги слушнал што зборуваат.

„Ди Марија на Меси му се смееше затоа што истрчал шампионски круг со фалц пехар и дека кај него е оригиналот, па двајцата се смееле на циркузот“, објаснил фоторепортерот.

Инаку, пехарот е навистина тешко да се забележи дека е реплика затоа што изгледаат скоро како оригиналот иако не се златни, туку само премачкани со златна боја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е бли…