Дома Трансфер зона На Модриќ му нудат двојно поголема плата за да го напушти Реал!

На Модриќ му нудат двојно поголема плата за да го напушти Реал!

На мета на Кинезите се најде и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Имено, неименуван кинески клуб испратил непристојна понуда за плејмејкерот на Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, на Модриќ му нудат договор на три години како и двојно поголема плата од онаа која ја заработува во Мадрид, што значи дека годишно би добивал 15 милиони евра по сезона. Меѓутоа Лука кажал категорично – НЕ.

Оваа информација „Дон Балон“ ја пласираше пред натпреварот од Лигата на шампиони, каде Реал вечер му гостува на Наполи после првите 3:1 на „Сантиаго Бернабеу“.

„Знаеме дека не чека тежок натпревар, како и секогаш во Лигата на шампиони. Но ние сме спремни. Сигурно дека ќе имаат поддршка од нивните феноменални фанови, но играме 11 на 11. Атмосферата ќе биде феноменална, а тоа ќе биде и додатен мотив за нас“, истакна Зидан пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…