Дома Трансфер зона На која дестинација Де Лихт ја чека реализацијата на трансферот?

На која дестинација Де Лихт ја чека реализацијата на трансферот?

0

Матијас де Лихт не е со екипата на Ајакс која отпатува на припреми во Австрија.

Холандскиот фудбалер се договори со Јувентус и наскоро се очекува официјална потврда на трансферот на 19-годишниот дефанзивец.

Де Лихт веќе се опрости со остатокот од екипата, а реализација на трансферот чека на интересна и згодна локација. Играчот моментално се наоѓа во Монте Карло и чека зелено светло дека се е готово, па веднаш да замине за Торино.

Откако играчот и Старата дама претходно се договорија, денеска беше постигнат и конечен договор помеѓу клубовите, а Ајакс на овој трансфер ќе заработи 75 милиони евра.

Сепак, она што ја закочува реализацијата на трансферот е папирологијата. Има многу што треба да се потпише од двете страни, а на крајот официјалната потврда на трансферот би можела да се одложи за понеделник.

Сепак, сигурно е дека Јувентус без проблем може да почека, бидејќи успеа да победи во трката за еден од најдобрите млади фудбалери на светот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека…