Дома Фудбал На кого ќе може да смета Ливерпул за градското дерби со Евертон?

На кого ќе може да смета Ливерпул за градското дерби со Евертон?

Тимот на Ливерпул победи против Лајпциг во Лигата на шампионите, но тој натпревар е веќе зад нив и сега ги очекува дуел со градскиот ривал Евертон во Премиер лигата.

Натпреварот помеѓу овие два тима се игра во сабота од 18:30 часот, а Клоп соопшти лоши вести околу составот кој ќе го има на располагање. Клоп најави дека Наби Кеита би можел да влезе во комбинација затоа што почнал да тренира. Меѓутоа дефинитивно надвор од тимот остануваат Фабињо и Џејмс Милнер.

„Со Наби работите одат на подобро, тренираше па ќе видиме дали ќе може да игра. Фабињо не тренираше, нема ништо ново со него и со останатите. Фабињо, Милнер, Жота сите се блиску, но нема да можат да настапат овој викенд“.

Се шпекулираше дека Алисон е повреден, но Клоп ги демантираше таквите најави.

„Не, Алисон е во ред“, кратко одговори Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…