Дома Фудбал Англија На Кавани му се заканува суспензија поради објава на Инстаграм📷

На Кавани му се заканува суспензија поради објава на Инстаграм📷

Едисон Кавани беше херој на Манчестер Јунајтед во победата над Саутемптон, а неколку часа подоцна Уругваецот предизвика „скандал“.

Имено, ФА покрена истрага против Кавани поради објава на Инстаграм поради користење на дискриминирачки или расистички речник.

Кавани објави приказна на Инстаграм со зборовите „грасијас негрито“ испратени кон неговиот пријател, а тие беа земени како расистички говор.

Постот набрзо беше избришан, но англиските медиуми јавија дека ФА започнала истрага за случајот, а Кавани би можел да биде казнет со три натпревари суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …