Дома Фудбал На дебито на Меси Французите посебно следеа една работа

На дебито на Меси Французите посебно следеа една работа

Навивачите на ПСЖ веќе неколку недели го чекаа дебито на Лионел Меси, а тоа се случи вчера против Ремс. Аргентинецот во 57. минута почна да се загрева за да влезе на теренот, па почнаа овациите од стадионот.

По 10 минути загревање влезе во игра и на теренот мина повеќе од 25 минути, а иако не постигна гол или асистенција, сепак доби позитивни коментари од француските медиуми.

Oна што многумина го забележаа и го посочија е добрата соработка помеѓу Аргентинецот и Мбапе. Двајцата изгледаа сигурно во играта, иако треба да се спомене и дека имаа неколку погрешни додавања.

Покажа дека уште е во добра форма и ги разбира своите соиграчи на теренот. Му недостигаше прецизност во неколку додавања, но со тек на време ќе има добра соработка со Мбапе“, го опишуваат настапот на Меси, Французите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…