Дома Фудбал На Барселона и оди одлично, Флик има проблеми – во центарот на вниманието бил Јамал

На Барселона и оди одлично, Флик има проблеми – во центарот на вниманието бил Јамал

Eкипата на Барселона одлично ја отвори новата сезона во Примера и во четири кола каталонскиот гигант запиша четири победи со гол разлика 13:3. На теренот тимот изгледа одлично, но изгледа има и одредени проблеми кои засега не влијаат на играта на тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Флик од своето доаѓање во Барселона ја одржува праксата фудбалерите да имаат два тренинзи дневно секогаш, освен на еден ден пред натпреварот.Едниот тренинг е наутро, вториот во вечерните часови. Меѓутоа утринските тренинзи почнале да прават проблем за Флик и одредени фудбалери.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Флик бил многу лут на последниот утрински тренинг и ги загубил нервите. Неколку фудбалери често пати доцнеле, а најмногу младата ѕвезда Ламин Јамал.
Јамал со своето неодговорно однесување бил на разговор со Флик и добил опомена за да избегне непотребни ситуации во моменти кога на Барселона и оди одлично.

Во овој момент е репрезентативна пауза, а медиумите пренесуваат дека Флик ќе направи поинаков план за тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни: Салах е себичен, Слот треба да го исфрли од тимот

ВЕЈН РУНИ изрази сериозна критика кон однесувањето на Мохамед Салах, нарекувајќи го себичн…