Дома Македонски спорт Мак фудбал Најстариот фудбалер во ПМФЛ – Боби Божиновски: Имам инат за фудбал сакам да заокружам на 40!

Најстариот фудбалер во ПМФЛ – Боби Божиновски: Имам инат за фудбал сакам да заокружам на 40!

Капитенот на Македонија Ѓорче Петров со 39 години е најстариот играч во македонската прва лига.

Божиновски е дете на Вардар, тоа беше клубот во кој ја започна кариера и каде што дојде на девет години и до 23 години остана во таборот на црвено-црните. Потоа го носеше дресот на неколку клубови во Македонија, а собра и солидно интернационално искуство.

Овој период кога спортот е стопоран го искористивме да разговараме на неколку теми.

  • Знаеме дека ситуацијата во овие моменти е поразлична, како ја одржувате форма?

„Откако се појави Ковид-19 автоматски бевме распуштени од страна на раководството на неопределено време поради безбедноста. Клубот ни даде програма за тренинг од седум дена, нормално кој како може да се снајде и да одработи тоа што треба. За моја среќа во близина имам фудбалски терен и тука ја одржувам формата. Разликата од тренирање со екипа и тренирање сам секако е голема, но што е тоа е…Ќе мораме и на ваков начин“.

  • Какви се вашите очекувања, имате ли некаква претпоставка кога и дали воопшто ќе продолжи сезоната?

„Моментално нема точни прогнози. Факт е дека првенството ќе продолжи, но за колку време се зависи од ситуацијата со вирусот, па потоа датумот дополнително ќе се решава. Ние ќе мораме порано да се собереме најмалку 20 дена со цел да има време за подготовки. Мое лично мислење е крај на мај, но дај боже да биде и порано. Како што кажав се зависи од ситуацијата“.

  • Какви се вашите планови со оглед на тоа дека влегувате во сериозни фудбалски години?

„Па планирам да одам за лиценца за тренер, нормално ќе ми треба кога ќе завршам со играчката кариера. Искрено планирав да ја довршам оваа сезона и да пробам уште една цела да заокружам на 40 години. Се чувствувам добро и се уште имам сили и инат за фудбал. Здравје ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

  • Кој клуб би го издвоиле од оние надвор од Македонија?

„Па играв пет сезони во Литванија во ФК Ветра 3 сезони и ФК Судува и 2 во Астана од Казахстан…Би ја издвоил Астана клуб кој во тоа време беше во подем и имаа за цел да бидат дел од некое елитно натпреварување…И еве сега наназад 3-4 години играат во Лига Европа или Лига на шампионите. Иако јас најдобрите играчки години ги поминав во Литванија.

  • Во Македонија игравте за повеќе клубови, можете ли еден да изберете?

„Секој клуб си има своја приказна и место и сите ми се драги. Меѓутоа би го издвоил Вардар затоа што сум дете на Вардар и нормално ми даде фудбалски правец. Во Вардар бев од својата 9-та година до 23.

  • Порака за нашите граѓани во борбата со овој вирус?

„Сите треба да сме свесни за ситуацијава. Мојата порака е максимално да се почитуваат правилата и да се остане дома со своите сакани за своето и здравјето на најблиските!“

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете стр…