Еден Азар е најскапо засилување во историјата на Реал Мадрид, откако „кралевите“ во 2019 година за него платија 115 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот пристигна како еден од најдобрите фудбалери во Европа и требаше да биде големо засилување, но испадна најголемо промашување.
Поради честите повреди и неподготвеноста, тој за речиси четири години одигра само 73 натпревари за Реал, а неговата статистика е особено поразителна кога се во прашање натпреварите со Барселона.
Синоќа се одржа десеттото Ел Класико откако Азар стана играч на Реал, а на него по десетти пат не одигра ниту минута.
Од 10-те Ел Класика, шест од нив ги гледал од клупата за резервни играчи, додека четири пати не бил ниту на клупата поради повреда.