Дома Тенис Најдобриот тенисер во светот нема да игра на Австралија Опен

Најдобриот тенисер во светот нема да игра на Австралија Опен

Во овој момент најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз нема да учествува на првиот гренслем-турнир во сезоната која се игра во Австралија.

Информацијата ја потврди Шпанецот кој соопшти дека поради повреда нема да биде во можност да настапи.

„Токму кога бев во врвна форма, случајно се повредив на тренинг поради едно лошо движење.

Во прашање е повреда на мускулот на десната нога и нема да бидам подготвен за настап на Австралија Опен“, соопшти Алкараз.

Минатата година Алкараз беше елиминиран во третото коло во Мелбурн, додека на УС Опен стигна до првата гренслем-титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…