Дома Топ вести Најдобриот дефанзивец од Серија А се сели на „Олд Трафорд“

Најдобриот дефанзивец од Серија А се сели на „Олд Трафорд“

Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин наскоро треба да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Последните информации од медиумите се дека Кореецот веќе се договорил со Манчестер Јунајтед, кој е спремен да ја плати откупната клаузула.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 50 милиони евра и веќе постигнале договор со неговиот агент.

Ким денес ќе го одигра последниот натпревар за Наполи оваа сезона, а во наредните денови ќе го комплетира трансферот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…