Дома Трансфер зона Најдобра опција и за двете страни – Даниел Стариџ се сели во Милано?

Најдобра опција и за двете страни – Даниел Стариџ се сели во Милано?

0

Ова сценарио станува се повеќе реално.

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е се поблиску до заминување од „Енфилд“, а како најреална дестинација во овој момент се споменува „Сан Сиро“.

Милан не блеска како што се очекуваше пред сезоната кога во клубот пристигнаа големи засилувања, поради тоа сега се шпекулира за нови засилувања.

Стариџ е првата желба, изгледа како и логично решение за двете страни, бидејќи Англичанецот сака да се наметне и да се избори за повик во репрезентацијата за Светското првенство.

Роберто Фирмино се врати во форма, постигнува голови и со тоа го испрати Стариџ на клупата, додека во Милан би можел да го добие статусот на прв напаѓач бидејќи Андре Силва и Калиниќ не покажаа баш многу.

Наводно, Клоп веќе му порачал на Стариџ како стојат работите и Германецот е свесен дека тешко ќе го задржи напаѓачот, па поради тоа промена на средината изгледа како реална опција.

Позајмица од шест месеци можеби изгледа како најдобро решение и за двете страни. Милан не би требало да вложи премногу, а Стариџ би добил шест месеци време да се наметне кај Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Љајиќ и Михајловиќ во конфликт, Сари и Наполи ја користат ситуацијата?

Maурицио Сари го сака фудбалерот на Торино и репрезентативецот на Србија. Изненадувачки Ад…