Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Најдобар натпревар на Македонија, ако играше вака од старт, можеше да се надева на пласман во следната фаза“

„Најдобар натпревар на Македонија, ако играше вака од старт, можеше да се надева на пласман во следната фаза“

Марио Ѓуровски е дел од нашиот експертски тим кој ги коментира натпреварите на Македонија на Европското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ѓуровски вели дека Македонија го одиграла најдобриот натпревар на ЕУРО против Холандија.

„Штета, Македонија го одигра најдобриот натпревар, но немаа среќа, особено при голот на Тричко. На претходните натпревари недостасуваше длабочина во нападот која ја донесе Тричковски. Но Македонија прими наивно гол, можеби и несреќно бидејќи не беше досуден фаул над Пандев. Сметам дека Македонија требаше да игра вака отворено од самиот старт, па можеше да има подобар резултат на претходните натпревари и да се надева на пласман во следната фаза“.

„Секоја чест на момците, останува жал што Пандев го одигра последниот натпревар. Тој е една од најголемите легенди кои сум го запознал. Сепак, на достоен и прекрасен начин се прости од националниот дрес“, изјави Ѓуровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…