Дома Фудбал Останато НАЈАВА: После 35 години „Ел Класико“ повторно преку Атлантикот

НАЈАВА: После 35 години „Ел Класико“ повторно преку Атлантикот

Првото „Ел Класико“ надвор од Шпанија се играше во Венецуела во 1982 година. Пријателски натпревар тогаш одиграа во градот Баркусименто, Реал славеше со 1:0. Овој пат Барса и Реал ќе одиграат натпревар на „Хард Рок“ стадионот во Мајами во недела со почеток од 01:30 часот.

Во далечната 1982 натпреварот можеше да се следи само преку венцуелските медиуми додека пренос за Европа немаше. Во седмата минута од натпревар Висенте Дел Боске го постигна единствениот гол на натпреварот. Новинарите кои присуствуваа на овој натпревар го опишаа како прилично досаден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствениот стрелец на натпреварот, Дел Боске се потсети на составот.

„Весниците тогаш беа преполни со вести за репрезентацијата на Шпанија за светското првенство и Марадона кој тогаш потпиша за Барселона. Екипата која замина на пат во Венецуела беше навистина резервна бидејќи сите играчи беа со репрезентацијата“, изјави Дел Боске.

Крилото на Барселона, Франциско Караско, откри дека условите биле катастрофални.

„Се сеќавам дека беше премногу жешко во тоа време во Венецуела. Во хотелот моравме да се тушираме на секој час и половина“, се потсети Караско.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…