Дома Трансфер зона Најава за голем трансфер: Тиаго Силва сака да игра со Меси

Најава за голем трансфер: Тиаго Силва сака да игра со Меси

Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва не ја крие желбата да игра во ист клуб со Лионел Меси, пренесува „Мундо Депортиво“.

25-годишниот Бразилц има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па на лето ќе биде слободен агент.

Неговиот агент потврди дека многу клубови веќе покажале интерес за Тиаго Силва, но тој преферира преселба на „Камп Ноу“.

„Приоритет на Тиаго е да остане во Париз, но не зависи од него. Ако не го обнови договорот може да се случи се. Вистина е дека има посебни чувства кон Милан, но и други клубови ме контактираа во изминатиот период. Се уште немаме започнато преговори со никого“, истакна агентот Тонието.

Според „Мундо Депортиво“, Тиаго Силва е спремен да ги намали финансиските претензии за да се пресели на Камп Ноу.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јунајтед и Сити водат битка за албански репрезентативец

Двата клува од Манчестер на лето ќе се борат на трансфер пазарот за потписот на дефанзивец…