Реванш натпреварот во 1/16 финалето на Лига Европа помеѓу Салзбург и Ајнтрахт беше одложено после силното невреме и натпреварот ќе биде одигран денеска.
УЕФА одлучи натпреварот да се одигра денеска од 21 часот, па навивачите кои пристигнаа од Германија мораа да најдат начин да го пополнат слободното време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие на крајот наместо на фудбалски натпревар завршија на хокејарски. Во лигата за опстанок, вториот тим на Салзбург го пречека вториот тим на Клагенфурт.
Навивачите на Ајнтрахт, нормално, навиваа за гостите и се чини дека им донесоа среќа бидејќи победија на пенали со 4:3.
Сцената да ве бодрат илјада навивачи кои немаат никаква врска со вашиот клуб не се случува секој ден…
Heute keine Europa League in Salzburg? Egal! 1000 #SGE-Fans unterstützen heute beim Eishockey Klagenfurt gegen Red Bull. ? #SALSGE pic.twitter.com/JbcdrsvYcs
— Jonas ?? (@jtresbach) February 27, 2020