Дома Фудбал Италија Наполи се огласи после хаосот – ќе има казни за бунтовниците!

Наполи се огласи после хаосот – ќе има казни за бунтовниците!

Фудбалерите на Наполи после вчерашната побуна одбиваат да останат во карантин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целосен хаос настана во Наполи после вчерашното реми со Салзбург во Лигата на шампионите и одлуката играчите место во тренинг кампот „Кастел Волтурно“ да се упатат во својот дом.

Аурелио Де Лаурентис после поразот од Рома одлучи екипата да ја испрати во седумдневен карантин. Меѓутоа, после натпреварот со шампионот на Австрија играчите ја прекршија таа наредба. Утрово редовно тренираа, за потоа повторно да заминат во своите домови со поддршка од тренерот Карло Анчелоти.

Наполи се огласи со соопштение во кое ја информираше јавноста дека ќе преземе мерки против бунтовниците и дека никој не смее да дава изјава за медиумите.

„Во однос на однесувањето на играчите, клубот ќе стори се што може за да ги заштити своите економски интереси, средства, имиџ-права и дисциплински интереси. Исто така сакаме да биде јасно дека одговорноста за карантинот е на Карло Анчелоти. Нема да има никаква комуникација со медиумите додека поинаку не се одлучи“, порачаа од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …