Дома Трансфер зона Наполи се засилува со талент на Челзи

Наполи се засилува со талент на Челзи

Наполи покажува сериозен интерес за талентот на Челзи, Били Гилмор, пренесуваат италијанските медиуми.

Наполи веќе започнал преговори со 19-годишниот играч за врска и сака да го донесе на позајмица со право на откуп. Италијанскиот клуб е оптимист дека може да го комплетира трансферот во јануари.

Гилмор е дете на Глазгов Ренџерс кој во 2017 година се преселува во академијата на Челзи. Следната година потпишува професионален договор со „сините“ до 2023 година.

Челзи сака во договорот да стави бај-бек клаузула, со цел да може да го врати Гилмор во Лондон во следните две години.

Коментари
  • Скаути на Барса го следат талентот на Челзи

    Раководството на Барселона синоќа испратило скаути на „Стенфорд Бриџ“ за мечот помеѓу Челз…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Томори утре на прегледи во Милано

„Скај Италија“ пренесува дека Милан и Челзи постигнале договор за трансфер на дефанзивецот…