Репрезентативецот на Македонија до 21 година Марио Илиевски потпиша договор со вицешампионот на Унгарија, Кишварда.
Илиевски важи за еден од поголемите таленти во Македонија вниманието го привлече со настапите за бугарскиот Септември од Софија. Во минатата сезона тој постигна 19 гола и забележа шест асистенции на 36 натпревари.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Се поврзуваше Илиевски со уште неколку клубови, но на крајот се реши за трансфер во Унгарија во клуб со кој прави сериозен чекор напред во кариерата. Во минатото поголем број фудбалери од Македонија играа во Унгарија како Барди, Николов, Муслиу, Миовски…
Во Кишварда Илиевски ќе биде соиграч со поранешниот вардарец Јасир Асани.