Дома Трансфер зона Напаѓачот на Барса потпиша преддоговор со Севиља

Напаѓачот на Барса потпиша преддоговор со Севиља

Деновите на Мунир Ел Хадади во Барселона се одброени, откако не потпиша нов договор и сега е слободен да преговара со други клубови.

Каталонските медиуми тврдат дека неговата следна дестинација е веќе позната. Имено тој постигнал комплетен договор со Севиља и од јуни ќе се пресели како слободен агент.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Раководството на Барселона неколку месеци се обидувало да му го продолжи договорот и му испратиле две понуди, но Мунир ги одбил. Интерес за него покажа и Бетис и клубови од Премиер лигата, но тој ја избра Севиља.

Валверде оваа сезона скоро воопшто не смета на 23-годишниот напаѓач и тоа најверојатно е причината што Мунир се одлучил да го напушти „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…