Дома Фудбал Останато Демба Ба повикува: Сите црнонмурести фудбалери нека ја напуштат Серија А

Демба Ба повикува: Сите црнонмурести фудбалери нека ја напуштат Серија А

Напаѓачот кој ова лето пристигна во Интер, Ромелу Лукаку беше жртва на расистички навреди во натпреварот против Каљари во кој „нероаѕурите“ победија со 1:2, а Лукаку беше еден од стрелците.

Таквото однесување предизвика остри реакции во јавноста. Преку социјалните мрежи се огласи и напаѓачот кој се прослави играјќи во Премиер лигата, Демба Ба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Демба Ба ги повика сите црномурести фудбалери да ја напуштат Серија А.

„Поради ваквите работи никогаш не играв таму. Би сакал сите црномурести фудбалери да ја напуштат таа лига“, објави Ба на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Колку пари заработи Челси со пласманот во финале на Светското клупско првенство?

Челси стигна до финалето на Светското Првенство за клубови, додека се ближат до освојување…