Дома Останати Тенис Надал пресреќен по двете победи: Чувствувам дека сум конкурентен!

Надал пресреќен по двете победи: Чувствувам дека сум конкурентен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со две победи го започна турнирот во Бризбејн и во двете Шпанецот изгледаше сигурно што е многу важно бидејќи долго време паузираше.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По денешниот натпревар и победата од 2:0 во сетови со само три изгубени гема против Џејсон Кублер, Надал порача дека е задоволен од тоа како изгледа на теренот.

„Добро влегов во мечот и бев одлучен. Видов дека Џејсон е добар на основната линијата, па се трудев да бидам колку што може повќее агресивен. За мене ова беше одличен меч. Среќен сум што играм повторно и тоа е добро за мене. Долго бев надвор од турнирите и не можам да биде поблагодарен.

Ми се потребни мечеви за да бидам во најдобра форма. Првите два меча, заедно со едниот во дабл, како и часовите тренирање значат многу. Се чувствувам дека можам да сум конкурентен, а токму тоа беше мојата желба“, изјави Надал.

Како што претходно најави, Надал ја игра веројатно последната сезона, а најголем прв тест по враќањето ќе му биде Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го споредија со Макрон, погледнете како реагираше (Видео)

Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш го покажа својот хумор доде…