Дома Тенис Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот, Шпанецот, Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето од УС Опен, откако денес во осминафиналето славеше над Украинецот Александар Долгополов со 6:2,6:4 и 6:1.

Мечот на Надал и Долгополов траеше час и 42 минути. За Шпанецот ова е прв пласман меѓу осумте најдобри на последниот гренд слем турнир во сезоната од 2013. година кога ја освои титулата во Њујорк.

За пласман во полуфиналето, Рафа ќе се соочи против победникот од дуелот помеѓу Белгиецот, Давид Гофан и рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…