Дома Тенис Надал после маратонска битка до полуфинале

Надал после маратонска битка до полуфинале

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Баштад, откако славеше над Аргентинецот Мариано Навоне со 2-1, по сетови 6-7, 7-5 и 7-5.

До победата Надал дојде по четири часа игра и тоа со пресврт по загубениот прв сет кој траеше цели 90 минути. 

И следните два сета траеја повеќе од еден час, но во нив Надал успеа да го освои последниот гем и да избегне тај-брејк.

Во полуфиналето Надал за противник ќе ја има хрватската сензација Дује Ајдуковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоргиев со четири од четири во Србија, Ристоски ја запре серијата порази

Црвена звезда остана непоразена, а ИББ Спор повторно победи во Турција. За Ана Фасулева и …