Дома Тенис Надал без проблем до четвртфинале во Барселона

Надал без проблем до четвртфинале во Барселона

Рафаел Надал, во два сета со 6-1 и 6-3, го победи својот сонародник Гиљермо Гарсија-Лопес и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Барселона.

Ова за најдобриот светски тенисер беше 40 последователн освоен сет на мечевите на земја или севкупно 397 триумф на оваа подлога (397-35) со 76 титули.

Во четвртфиналето, противник на најдобриот тенисер во светот ќе му биде Мартин Клижан. Словачкиот тенисер кој на стартот го елиминира Новак Ѓоковиќ, во осминафиналето славеше против Фелисијано Лопес со 6-1, 6-4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…