Дома Фудбал Навиките не се менуваат: Пепе со колено му „влезе“ на Стерлинг ?

Навиките не се менуваат: Пепе со колено му „влезе“ на Стерлинг ?

Вчера Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и го победи Порто во првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите со 3:1.

Порто прв стигна до водство преку Луис Дијаз, меѓутоа Сити со головите на Агуеро, Гундоган и Торес дојде до пресврт и победа од 3:1. Покрај головите медиумите по натпреварот пишуваат и за еден дуел помеѓу Пепе и Рахим Стерлинг.

Во фудбалската јавност Пепе е познат како груб играч, тоа го докажа и вчера. Некогаш Португалецот знае и да претера, но вчера навреме успеа да се запре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…