Дома Македонски спорт Мак ракомет Навивачи на Охрид бесни: Купиле билети, а останале пред сала – клубот се извини!

Навивачи на Охрид бесни: Купиле билети, а останале пред сала – клубот се извини!

Во рамки од македонската ракометна Суперлига вчера се сретнаа ГРК Охрид и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Натпреварот се играше во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, а по натпреварот се испраќаа критики кон организаторот.

Имено, навивачи на Охрид иако имале купено влезници за натпреварот останале пред салата. Клубот со соопштение го потврди пропустот и испрати извинување до оштетените навивачи.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„На ниту еден натпревар на кој ГРК ОХРИД бил организатор досега не се јавил организациски проблем, па поради тоа сите Вие симпатизери коишто купивте карта за натпреварот помеѓу ГРК ОХРИД и РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, а не бевте во можност да го следите истиот во живо во СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, клубот длабоко Ви се извинува поради таквиот организациски пропуст.

По претходно укажување на редарските служби и службите при Министерството за внатрешни работи, а и од причина што натпреварот беше прогласен за меч од висок ризик, беше одлучено да се затворат вратите од спортската сала на половина час пред почеток на натпреварот.

Ве известуваме дека за преостанатите два натпревари од плеј-офот кои ГРК ОХРИД ќе ги одигра како домаќин против екипите на РК Пролет и ГРК Тиквеш, влезот ќе биде слободен за сите навивачи и симпатизери на ГРК Охрид.

ОХРИДЕ, Ви благодариме на Вашата поддршка во текот на целата сезона“, стои во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…