Дома Фудбал Навивачи на италијански прволигаш испратија морничава закана до луѓето во клубот (ФОТО)

Навивачи на италијански прволигаш испратија морничава закана до луѓето во клубот (ФОТО)

Навивачите во Италија често пати знаат на различен начин да го изразат незадоволството од актуелната состојба во нивниот омилен клуб, а неретко таквите работи преминуваат во закани кон играчите и сите во клубот.

Последниот пример доаѓа од Болоња.

Имено, Болоња е во слаба форма, навивачите преку транспаренти го изразија незадоволство после поразот од Емполи, а сега отидоа и чекор подалеку.

Пред денешниот тренинг центар на Болоња беа пронајдени крстови со имињата тројца функционери во клубот.

Дел од морничавата закана беа извршниот директор Клаудио Фенуци, спортскиот директор Рикардо Бигон и скаутот и поранешен играч на Болоња Марко Ди Вајо.

bbologna

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…