Дома Трансфер зона Изненадување: На „Олд Трафорд“ пристигнува фудбалерот на Милан?

Изненадување: На „Олд Трафорд“ пристигнува фудбалерот на Милан?

0

Манчестер Јунајтед подготвува големи промени во екипата во летниот трансфер период.

На многу фудбалери на Манчестер Јунајтед деновите во клубот им се одброени. Се очекува да има многу заминувања од „Олд Трафорд“, а Оле Гунар Солскјер во голема мера бара замена на пазарот. Многу имиња се поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, името кое се појави денеска во англиските медиуми веројатно нема да им се допадне на навивачите на тимот од Манчестер.

Станува збор за фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија. Наводно Манчестер Јунајтед е подгтовен да испрати понуда за овој 22-годишен фудбалер и тој би требало да биде замена за Ешли Јанг. Покрај Калабрија со Јунајтед се поврзуваат Томас Муние (ПСЖ) и Арон Ван Биска (Кристал Палас), но за сега до дресот на Јунајтед најблиску е Калабрија.

Овој 22-годишен фудбалер има договор со Милан до 2022. година, а оваа сезона има учинок од еден гол и една асистенција во 32 настапи за „Росонерите“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ќе мора да го продава Донарума: ПСЖ и Манчестер Јунајтед спремаат понуди

Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП доколку и оваа год…