Дома Фудбал Италија Навивачите на „Римската волчица“ бесни: Зар ти дојде до смеење? (ФОТО)

Навивачите на „Римската волчица“ бесни: Зар ти дојде до смеење? (ФОТО)

Вчера против Сасуоло, Един Џеко одигра сосем добар дуел. Асистираше за единствениот погодок, со оглед на тоа дека „Волчицата“ одигра 1:1, иако беше голем фаворит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Рома, Еусебио Де Франческо им даде слободен ден на играчите и покрај разочарувачкиот резултат. Един тоа го искористи да отиде до Хрватска, каде синоќа присуствуваше на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Дубровник.

Фотографиите од насмеаниот Џеко ги налути навивачите на Рома. Исфрустрирани со фактот дека е насмеан и опшуштен и јасно му порачаа:

„Зар ти е до смеење? Подобро да размилуваш за постигнување погодоци, а не за забава“.

Џеко можеби навистина е во криза, но очигледно и навивачите на „Римската волчица“ брзо заборавија што се тој стори изминатата сезона кога беше неприкосновен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп многу брзо може да стане селектор – чека понуда!

“Јирген Клоп (59) е подготвен да ја разгледа можноста за враќање во тренерските води…